среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уапсените за грабнувањето на внукот на Бошкоски остануваат во притвор, еве што велат од обвинителство

Уапсените за грабнувањето на внукот на Бошкоски остануваат во притвор, еве што велат од обвинителство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело –  Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Тие на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а со решение на Судот беа задржани во краткотраен притвор во траење од два пати по 48 часа со цел обезбедување докази.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се обидат да ги скријат или уништат трагите на кривичното дело, ќе влијаат врз сведоците или ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје сега достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

Станува збор за случајот со грабнување на Самоил Костадиновски, кој за исчезнат беше пријавен од неговиот брат. Тој е внук на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски.

Најнови вести