сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

,,Убаво им прави”: Член на СДСМ со поддршка за насилството на Курто Дудуш

,,Убаво им прави”: Член на СДСМ со поддршка за насилството на Курто Дудуш

Убаво им прави, е ставот на член на Социјалдемократскиот сојуз од Скопје на коментар на Фејсбук во врска со аудио бомбата на Лидер на која се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш заклучува и тепа момче.

Човекот што му дава поддршка на насилството на Дудуш е скопјанецот Спасе Спасевски, активист на СДСМ кој на својот фејсбук профил објавува слики од средби со премиерот Заев како и со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Иако во постот во кој се бара оставка од Дудуш ако разговорот е вистинит, учествуваат повеќе луѓе меѓу кои и екс пратеничката од СДСМ Лидија Димова а сега директор на Националната агенција за образовни програми и мобилност, само еден човек го критикува Спасовски за поддршка на насилство.

Еден од корисниците Дарко Атанасовски дури му става “лајк” на коментарот на Спасовски со кој му дава поддршка на Дудуш за тепањето на момчето.

Без разлика дали Спасовски со реченицата “убаво им прави” мисли на граѓани Роми или на жители од Шуто Оризари се работи за говор на омраза и поддршка на насилство што во нормални земји соодветно се санкционира од инатитуциите.

Доколку мисли на Ромите од Шуто Оризари Спасовски прави посебен вид дискриминација на основа на боја на кожа односно промовира расизам, за што институциите мораат да реагираат.

Еден ден предходно друг член на СДСМ му се закани на новинарот Бранко Героски дека ќе биде бањат во Вардар ако не запре со сториите за рекетирање.

ИЗВОР: ЕКСПРЕС.МК

Најнови вести