среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Училиштата неподготвени за настава во услови на корона, учениците на удар!

Училиштата неподготвени за настава во услови на корона, учениците на удар!

Помина една недела од први септември, кога учебната година требаше да започне, а власта се уште нема конкретен план за истата чиј почеток го одложи за октомври. Во целата оваа ситуација се поголем е бројот на училишта кои се затечени од новите протоколи за реализација на воспитно-образовниот процес.

Ако можеше да се каже дека коронавирусот не затече во март, односно на крајот од минатата учебна година, тоа не може да се каже за почетокот на новата. Властите веќе знаат со што се соочуваат и нејасно е зошто досега се чекаше за планот и за подготовка на новата учебна година.

Се уште не се знае кои ученици ќе ја следат наставата со физичко присуство, а кои онлајн. Не се знае ни кои училишта ги исполнуваат условите за настава со физичко присуство, а владата дури на први септември формираше Комисија да ја направи таа проценка. Тоа што се знае дека поголем ќе биде бројот на ученици кои ќе следат настава онлајн и дека испрашувањето ќе се одвива на училиште.

Но, за онлајн настава потребни се компјутери и стабилен интернет како за училиштата, така и за учениците. Реалноста говори дека во Македонија голем дел од учениците немаат пристап до компјутер, а ниту до интернет, проблем кој власта досега требаше да го има детектирано и да најде негово решение кое нема да оди на товар на родителите во услови на економска криза.

По анализа на УНИЦЕФ во врска со ставовите за учење на далечина резултатите покажуваат дека дури 77 % од наставниците во некој момент на учењето на далечина не можеле да стапат во контакт со нивните ученици. Значителен дел 42% делеле комјутер или лаптоп со други членови на семејството, 18% користеле застарени комјутери, 5% користеле мобилни телефони. Загрижувачки фактор се 42% кои имале ограничен или пак немале постојан пристап на интернет, како и фактот што мнозинството на наставници изјавиле дека им е потребна обука и дополнителна поддршка за да го спроведат учењето онлајн и голем процент од нив ги немаат потребите ИКТ вештини за учењето онлајн.

Голем е процентот од 61% и на родители кои се изјасниле дека нивните работни обврски ги спречуваат за да им посветат дополнително време на своите деца во онлајн учењето, а 5% изјавиле дека немаат пристап до лаптоп или комјутер. Наспроти ова во публикација од Светската банка за економското и социјално влијание на КОВИД – 19 за образованието, потенцираат дека постигнувањето на непрекинат образовен циклус може да се постигне со пристап и поврзаност на ИКТ, достапност на соодветна содржина, обучени наставници, поддршка на родителите за учење на далечина и доволно време за предавање.

Дали овие предуслови се исполнети, за жал до сега во Македонија надлежните не направија соодветна анализа. Од друга страна пак премногу е ризична одлуката за избрзано пуштање на учениците од таканаречените „незагрозени општини со КОВИД -19“ во училиштата заради спремноста на училиштата и директорите да обезбедат строги почитувања на протоколите кои министертвото за образование ги донесе пред неколку дена, каде дискутабилно е како ќе се одвојат просторни услови во самите училници со физичко растојание помеѓу учениците од 1,5 метри, ако училиштето нема таков простор на располагање, во ситуација кога треба да бидат најмногу 20тина ученици во паралелката.

Тоа што зачудува е како во главниот град каде се очекува училиштата да се најопремени, истите се затекнати и неподготвени, со големи проблеми. На средбата деновиве на градоначалникот Шилегов, директорите на скопските уччилишта се пожалија дека имаат нестабилен интернет и мрежа, недостиг на компјутери и друга информатичка опрема.

И наместо веќе да бидат подготвени тие допрва ги детектираат проблемите, допрва ќе обучуваат кадар и допрва ќе ги решаваат проблемите кои им се поставуваат по протоколите, а се инсистира учебната година да започне во октомври во ситуација кога ни училиштата се спремни.

Најнови вести