Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“, денеска организира одбележување на Денот на македонскиот јазик и 100 – годишнината од раѓањето на Блаже Конески.
Одбележувањето е во согласност со планот на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, а ќе присуствуваат и претставници од Македонската академија на науките и уметностите, ректоратот на УГД и Филолошкиот факултет.
Настанот ќе се одржи во 13 часот на платото пред Националната установа библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.