четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Угостителите утре излегуваат на протест – со здружени сили ќе бараат спас за дејноста!

Угостителите утре излегуваат на протест – со здружени сили ќе бараат спас за дејноста!
МИА

Туристичко-угостителскиот сектор утре ќе протестира пред Владата се до исполнување на нивните барања. Протестот ќе започне точно во 12 часот пред Министерството за финансии.

Бараат еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, како и мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, сè додека не почнат да работат без рестрикции.

Угостителската комора за Денар.мк велат дека ќе протестираат се додека не им се прифатат барањата за помош на секторот угостителство. Тие бараат за секого во секторот неповратна помош.

Угостителската комора смета дека државната досегашна помош не е доволна и дека на секого на кого му е потребно треба да му се помогне.

– Загрижува фактот што повеќе ниту основната државна помош не е доволна за да можат да преживеат луѓето вработени во овој сектор. На добар дел од нив им се заканува губење на домовите и останатиот имот од страна на банките и извршителите, тврди Ангеловски за Денар.мк

На овој протест ќе се придружат и објектите за организирање на свадбени и останати семејни прослави, кои веќе самостојно неколку пати протестираа бидејќи државата не им дозволува да работат како останатите угостителски објекти.

Најнови вести