четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УХМР со лоши вести: Не очекува облачен и дождлив викенд

УХМР со лоши вести: Не очекува облачен и дождлив викенд

Преку ноќта беше претежно облачно со повремен дожд на истокот и југоистокот. Утринава врнежи има и во делови од Пелагонија и во Скопје.

Во текот на денов на запад ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а преку централните делови и особено на исток ќе има зголемена облачност со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Врнежите попладне ќе престануваат. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно и со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне 16 степени.

По котлините, особено долж Повардарието преку целиот ден ќе се задржи значителна ниска облачност. Во останатите делови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во текот на денот облачноста ќе се зголемува. Во источните делови ќе има повремен локален дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со локален дожд, претежно во јужните и источните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Најнови вести