четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УКИМ ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој

УКИМ ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска хибридно – во свечената сала за седници и онлајн, ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој.

На настанот, кој со поздраво обраќање ќе го отвори ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, ќе бидат промовирани добитниците на годишните награди за најдобри научници и уметник на Скопскиот универзитет за 2020 година, во сите научноистражувачки подрачја и уметностите.

Ќе биде промовиран и добитникот на плакета за особен придонес во развојот на научноистражувачката дејност на Универзитетот како признание за објавени најголем број научни публикации индексирани во базата на Web of Science во изминатата деценија 2011-2020 и придонес за афирмација на Универзитетот во земјата и странство.

Во рамки на настанот ќе се одржи и панел на тема „УКИМ во интернационални рамки“ и промовирање на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања при УКИМ.

Најнови вести