недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Укината мерката притвор за Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски

Укината мерката притвор за Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски

Апелацискиот суд Скопје известува дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на денешната нејавна седница  Кривичниот совет на Судот донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Ненад Јосифовиќ од Скопје, Кирил Божиновски од Скопје, Зорица Арсовска од Скопје и Миле Јанакиевски од Скопје.

Истовремено, додава Апелацискиот суд во соопштение, со со четири различни решенија на  Кривичниот совет на Судот на обвинетите Јосифовиќ, Божиновски, Арсовска и Јанакиевски им е определена мерката куќен притвор.

Вака донесените одлуки, соопшти Апелацискиот сауд, ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Најнови вести