Улицата на смртта. Вака ја нарекуваат жителите на Трубарево улицата низ која минуваат секојдневно. Улицата е права, а несовесните возачи возат со голема брзина. Жителите велат дека еден автомобил кој се движел со над 160 км/ч, минатата недела, изгубил контрола при што животот го загуби 10 годишно дете и лице на возраст од 40 години. Тие стоеле на тротоар кога биле прегазени. Жителите веќе изгубија трпение и излегоа на протест, пренесува „ТВ21“.
-Не е само Идриз Керими и Ватон Битиќи. Тука е и Абиб Велиу и Рамиу, четири лица го загубија животот на оваа улица, велат жителите.
Целосната објава може да ја погледнете на ТВ21.мк