недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Умерен сообраќај на патните правци

Умерен сообраќај на патните правци

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 1 октомври 2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони. (МИА)

Најнови вести