четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УМС до градоначалниците од СДСМ: Дали е ова најдоброто за нашите општини во кои живееме? (ФОТО)

УМС до градоначалниците од СДСМ: Дали е ова најдоброто за нашите општини во кои живееме? (ФОТО)

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денес ги запраша градоначалниците од редовите на СДСМ дали е ова најдоброто за нашите општини во кои живееме?

-Ако ова што го исполнивте во изминатите 4 години е најдоброто што можевте да исполните, тогаш какви би биле Вашите следни локални програми и ветувања? Под разни слогани ветувавте власт, ветувавте еднаков живот за сите, и дека сме сите исти и имаме еднакви права за достоинствен живот. Граѓаните ги губат основните услови за достоинствен живот, она што го имаше го уништивте, а ништо подобро не направивте за граѓаните кои што ве гласаа! Единствено добро е што Ве видовме, видовме што е најдоброто што можете да го направите, видовме колку го цените овој народ кој ве гласаше и кој успешно го излажавте пред 4 години. Заслужуваме подобро, доста беше, подвлекуваат од УМС.

Најнови вести