среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

УМС им однесе вода и ќебиња на луѓето што протестираат со глад пред Собрание за уставобранителите: Заев нанесе многу неправди

УМС им однесе вода и ќебиња на луѓето што протестираат со глад пред Собрание за уставобранителите: Заев нанесе многу неправди

Како што можевте да видите и од снимката претходно, ние како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ги посетивме овие тројца граѓани кои што протестираат со глад пред Собранието на Република Македонија, како резултат на својот револт кој што го чувствуваат за неправедно притворените за уставобранителите и велат дека нема да отстапат од нивните барања, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е само доказ колку е безизлезна ситуацијата во нашата држава кога луѓе се одлучуваат да посегнат дури и по сопственото здравје се со цел да истераат некаква правдина во Република Македонија.

Ние како Унија на млади сили ќе продолжиме да им даваме максимална поддршка и денес и во деновите кои следат и им порачавме и нив, а им порачуваме и на сите дека нема да се откажеме од нашите барања и нашата борба, од причина што доколку можат овие луѓе на нивната возраст да го прават ова што го прават, ние младите немаме апсолутно никакво оправдување зошто да бидеме летаргични и да не се спротивставиме на сите овие неправди кои што Зоран Заев и СДСМ и ги нанесуваат на Република Македонија, додаде Попов.

Најнови вести