Денеска, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, донираа аудио книги во Нациоланиот сојуз на слепи лица на Република Македонија.
– Во пресрет на најголемиот христијански празник, Велигден, денес членот на ИК , Столе Пандов и претседателката на Клубот на оратори, Александра Петровска, ги предадоа првите аудио книги во Националниот сојуз на слепи лица на Македонија.
Проектот за снимање на аудио книги е соработка на Републичката Комисија за култура и Клубот на оратори при УМС на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во Фејсбук статусот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
– Унијата на млади сили, како општествено одговорна младина, активно работи на подобрување на условите на лицата со било каква попреченост и се залага за инклузивно општество, пишува во објавата.