сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УМС на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа денот на хуманоста низ цела Македонија (ФОТО)

УМС на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа денот на хуманоста низ цела Македонија (ФОТО)

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа денот на хуманоста низ градовите во Македонија.

Со разни хуманитарни акции, тие помогнаа на многу сограѓани.

Денес по повод светскиот ден на хуманоста, а воедно и големиот христијански празник Св.Преображение Господово, УМС на ВМРО-ДПМНЕ О.К. Кавадарци заедно со координаторот од ИК Иван Младеновски посети повеќечлено социјално загрозено семејство во Кавадарци.

Унијата на млади сили од Велес денес 19ти август се вклучи во акцијата и го празнува Светскиот ден на хуманоста/World humanitarian day. Ова е ден каде секој може да помогне секому, ден во кој што може да изнудиме насмевка на нечие лице. Да бидеме хумани, порачаа младите од Велес.

Околу 33.000 денари му се потребни на четиричлено семејство во Македонија за покривање на основните месечни потреби!

Минатиов месец најмногу пари биле потребни за храна и пијалоци – 13.395 денари, а 10.476 денари биле потребни за комунални трошоци и покуќнина. За лична хигиена се одвојувале 927 денари, а за хигиена во домот 1.364 денари.

Унијата на млади сили при ОК на ВМРО- ДПМНЕ Кочани спроведе акција за донирање прехрамбени и производи за лична хигиена потребни на едно домаќинство!

Денес од страна на младите при општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, пакетите со донација за социјално загрозените семејства во општината беа однесени кај семејствата!

Најнови вести