Децата од Дневниот центар за деца на улица- Шуто Оризари денеска добија новогодишни пакетчиња од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Младите од ВМРО-ДПМНЕ поразговараа со децата, за нивното секојдневие, за нивните желби.
Претседателот на Унијата на млади сили, Јован Јаулески заедно со уште неколку членови на Унијата зборувајќи со децата им посакаа Новата година да им биде среќна и исполнета со многу здравје, среќа, радости, и им посакаа многу успеси.
Децата од центарот изразија голема благодарност за грижата и интересот, а младите ветија дека ќе ги посетат повторно.