вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со еко-акција под мотото „Без ѓубре, без изговори“ (ВИДЕО)

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со еко-акција под мотото „Без ѓубре, без изговори“ (ВИДЕО)

Денеска Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ тука во паркот во Гази Баба организира еко-акција под мотото „Без ѓубре, без изговори“. Имено ние како општествено- одговорна политичка младинска  организација, денес организираме настан тука во парк шумата во Гази Баба се со цел да ја подигнеме свеста кај младите луѓе, се со цел да ја подигнеме и свеста, но и кај повозрасните бидејќи ние како млади луѓе тука живееме, тука се дружиме и тука го поминуваме поголемиот дел од нашето време, истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Лука Кржаловски.

-Имено и целта ни е да ги потсетиме градоначалниците која е нивната улога, да ги потсетиме и комуналните претпријатија во сите општини во Република Македонија која е нивната грижа. Очигледно заборавија дека за добар и квалитетен живот на младите, но и на сите граѓани на општините потребна е и добра, чиста и здрава животна средина. Токму поради тоа ние како унија на млади сили, денес симболично ќе ги исчистиме трим патека и парк шумата во Гази Баба. И токму поради тоа како Унија на млади сили сакаме да најавиме една голема активност на 15 Септември, кој имено е и Светскиот ден на чистењето и да ги повикаме сите млади луѓе во Република Македонија да ни се приклучат на таа активност, рече Кржалоски и додаде:

„Користам прилика, апел на 15 Септември- сабота сите млади луѓе, сите политички помладоци, сите младински организации, сите невладини организации општо сите млади луѓе, сите спортски здруженија, сите културно -уметнички здруженија, сите средношколци, студенти дојдете приклучете се во секоја општина во Република Македонија, во секој град  да го направиме секој град почист и поубав бидејќи од ден на ден тонеме во ѓубре, во нездрав живот и затоа уште еднаш повикувам и очекувам максимална присутност од сите млади луѓе во Република Македонија“.

Најнови вести