четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со традиционална изложба го одбележа Светскиот ден на културната разноликост

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со традиционална изложба го одбележа Светскиот ден на културната разноликост

Денеска го празнуваме Светскиот ден на културната разноликост за дијалог и развој, 21-ри мај кој е прогласен од страна на Обединетите нации и УНЕСКО.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ  организираше настан со изложба на обележја од повеќе верски и етнички заедници.

-Културните разлики се најголемото богатство на нашата држава, движечка сила во нашиот напредок и економски развој. Република Македонија е држава со богата историја и култура, држава во која живеат голем број на различни етнички и верски заедници кои на овие простори со векови живеат во мир и хармонија. Македонија е пример за вредноста која во едно општество може да ја донесе културната разноликост и пример за дијалог помеѓу различните етнички и верски заедници. Различностите наместо, пречка нека ни бидат шанса. Развојот преку дијалог нека биде наша цел. Вредностите кои денеска ги празнуваме треба да ни бидат водилка и во иднина за понатамошен развој. Само заедно, обединети и преку взаемна почит можеме да успееме да го оствариме нашиот заеднички стремеж, да живееме во успешна и просперитетна Република Македонија, порача Валентин Манасиевски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести