вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во работна посета на Скопје

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во работна посета на Скопје

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе го пречека министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во еднодневна работна посета на нашата земја.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, во фокус на разговорите ќе бидат севкупните билатерални и економско-трговски односи, како и актуелните политички случувања со акцент на последните заклучоци донесени на декемврискиот Совет за општи работи на Европската унија.

Најнови вести