Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишуваат дека СДСМ е партија која лаже и ништо не работи.
-СДСМ е партија која лаже и ништо не работи, затоа денес, организиравме активности за потсетување на градоначалниците што ветија пред четири години. Да ги потсетиме зошто дојдоа на власт. Ги потсетивме на сите лаги кој градоначалниците од СДСМ ги претставија пред граѓаните во 2017-та година. Денес младите од Македонија ги потсетија дека ниту еден од големите проекти не го реализираа. Ќе продолжиме со кревање на свеста за лагите на несериозните градоначалници, заради отчетноста, заради тоа што ние не сакаме да останеме тука без никаков напредок и развој. И да им кажеме патем дека овие лаги и неспособност ќе ги чинат избори, зошто Македонија нема повеќе да трпи лаги!
#ОдговорностЗаЛагите, стои во нивниот пост на Фејсбук.
СДСМ е партија која лаже и ништо не работи, затоа денес, организиравме активности за потсетување на градоначалниците што…
Posted by Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ on Недела, 07 март 2021