Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова заедно со членовите на Извршниот комитет на Унијата на жени по повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, направи посета на домот за стари лица „Идила Терзиева“.
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ традиционално секоја година со низа активности го одбележува 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.
-Денес сме во посета на домот за стари лица Идила Терзиева каде што заедно со жените од домот го одбележивме денот на жената. Унија на жени и во минатото но и во иднина ќе продолжи со негување на рацете што не одгледале. На крајот на сите жени во Република Македонија им го честитам 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, изјави Рангелова.