среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ со гледање на филмот за струмичките студенти „Златна петорка“ го заокружи прославувањето на независноста

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ со гледање на филмот за струмичките студенти „Златна петорка“ го заокружи прославувањето на независноста

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески на својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека вечерва во градскиот парк младите го одбележале денот на независноста со гледање на филм.

-Вечерва во Градскиот парк во Скопје, кај популарната ,,Школка” го заокруживме прославувањето на Денот на независноста на нашата земја – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ? со проекција на филмот за струмичките студенти ,,Златна петорка” во организација на Градскиот комититет на УМС на ВМРО – ДПМНЕ.

На заедничкото гледање на филмот ни се придружија и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, проф. д-р Hristijan Mickoski, генералниот секретар Igor Janushev и професорката Gordana Siljanovska Davkova.

Струмичките студенти биле водени од идејата за слободна и независна Македонија. И ништо не е поразлично од тогаш освен што не нѐ ликвидираат за нашата љубов кон татковината.
На флаерот кој го делеле непосредно пред да бидат убиени пишувало: ,,Сонцето ќе изгрее и за нас” и ние денес, со нашиот пркос, мотивација и желба за #ОбноваНаМакедонија сме убедени дека сонцето и за нас ќе изгрее. ?

Нека е вечна самостојна, суверена и независна Република Македонија! ??, стои во неговиот пост на Фејсбук.


Најнови вести