четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со повеќе манифестации низ земјава го одбележаа празникот Св. Кирил и Методиј (ФОТО)

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со повеќе манифестации низ земјава го одбележаа празникот Св. Кирил и Методиј (ФОТО)

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска во пресрет на големиот празник „Св. Кирил и Методиј“ организираше повеќе настани како и положување на свежо цвеќе пред спомениците на Кирил и Методиј.

Во прилеп во пресрет на празникот на македонските просветители се подаруваа книги, во Битола се одржа трибина на оваа тема, додека сличен настан се одржа и во Свети Николе.

Жените од Тетово го посетија храмот Св. Кирил и Методиј, додека членовите од Охрид и Струга положија цвеќе пред споменикот на просветителите во Охрид.

Организирани манифестации по повод празникот денес имаше и во Кочани, како и во многу други македонски градови.

Најнови вести