„Почитувани сограѓани,
Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, во организација на Градскиот Комитет, ја продолжи традицијата за реализирање на хуманитарни акции. Во услови на тешка пандемија и криза, најмногу страдаат социјално ранливите категории на граѓани, многудетните семејства, самохраните родители. Унијата на жени на Општински Комитети Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Сопиште, Центар, Чаир и Чучер Сандево во пресрет на новогодишните празници ја понудија својата помош онаму каде што е најпотребно. Хуманоста е наша општествена вредност и таа е втемелена во основните принципи на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ. Лично се заблагодарувам на сите членки за нивната човечност и искрена хуманост.
Со длабока почит Жаклина Пешевска , претседател на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ“