Уредба за прогласување на електроенергетска криза – потврда или криење на колапсот на АД ЕЛЕМ (ЕСМ) и АД МЕПСО, велат од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Поради штетните владини политики, долго време се укажуваше дека Република Македонија е на прагот на електроенергетска кризна состојба, но актуелната власт сето ова го прикриваше со единствена цел да не си го загрози сопствениот и онака нарушен рејтинг во изборниот процес кој се одвиваше изминатиов период.
Вистината почна да излегува на виделина веднаш откако заврши вториот круг на локалните избори кога спротивно на доскорешните лажни убедувања дека ситуацијата е стабилна, наеднаш се донесе Уредба за прогласување на електроенергетска кризна состојба. Повторно Владата се обиде да го сврти вниманието на јавноста оправдувајќи се дека донесувањето не претставувало ништо друго, туку само исполнување на обврските од Законот за енергетика. Тоа во никој случај не е издржано бидејќи секој може да го отвори Законот за енергетика и да се увери дека крајниот законски рок за нејзино донесување беше во јули 2019 година, а не сега. Намерата е очигледна. Ништо повеќе не може да ја сокрие вистината дека со донесената уредба државата е на чекор поблиску до официјализирање на електроенергетската кризна состојба.
Акумулациите за работа на хидроцентралите се на ниско ниво, посебно последниов месец кога се на минимум со вкупна резерва помалку од 10%. Ваквата состојба се манифестира уште од периодот кога самопрогласените „шампиони во енергетиката“ продаваа вишоци на електрична енергија, фалејќи се дека заработуваат од продажбата. Но, дали навистина е така, потврдува сегашната состојба на празни акумулации и немање резерви на електрична енергија, тогаш кога е најмногу потребна.
РЕК Битола се сведе на работа со еден или два блока со половична моќност и со резерви на јаглен помалку од два дена за работа. Ископ на јаловина и откривка за ископ на јаглен нема, а ако се работеше за добро менаџирање на комбинатот немаше сега да распишуваат тендери за набавка на јаглен, туку на депонија ќе имавме најмалку 200000 тони наш јаглен.
РЕК Осломеј нема јаглен и работеше со мала количина на купен јаглен од надворешни компании.
ТЕЦ Неготино го потроши својот мазут за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, па сега ниту ТЕЦ Неготино нема можност да влезе во погон.
Оваа состојба која е карактеристична за претходните неколку месеци, а посебно во октомври 2021 година, мораше да резултира со прогласување со кризна состојба. Но, бидејќи во октомври беа во тек локалните избори, па Владата наместо да го почитува Законот и прогласи кризна состојба, МЕПСО “позајмуваше’ струја од европскиот енергетски систем, за што граѓаните ќе платат казна од најмалку 15 милиони ЕВРА.
Иронијата да биде поголема, постојната уредба од 2012 година веднаш после вториот круг на локалните избори ја заменија со нова која ја донесоа и објавија во „Службен весник на РСМ“ бр 246 од 2.11.2021 година.
Во оваа новодонесена Уредба, се направени неколку значајни измени:
Рестриктивните мерки кои беа дефинирани со Уредбата од 2012 година за намалување на потрошувачката на конкретни потрошувачи согласно степенот на ограничување, сега се поништуваат и се остава простор на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија сама да го одреди степенот за ограничување на снабдување со електрична енергија, додека ОЕПС ќе ги распредели намалувањата пропорционално со ОЕДС-и.
При потреба од дополнителни количини на електрична енергија, финансиски средства обезбедуваат лиценцираните компании за вршење енергетска дејност или се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. Тоа значи од џебот на граѓаните. Не е определено кој ќе ја купи електричната енергија, по која цена и од кого? Но, ако средствата се од Буџетот, тогаш како тие ќе се вратат назад или ќе останат како неповратна донација на ОЕДС?
Ограничувањето на потрошувачката на електрична енергија при недостиг на електрична енергија ги координира ОЕПС при што се суспендира пазарот на електрична енергија и притоа ОЕПС, ОЕДС, снабдувачите и трговците со електрична енергија не се одговорни за штетите поради ваквите ограничувања. Се поставува прашањето како ќе се одреди кој е одговорен за кризата и кој ќе ги надомести евентуалните штети?
Под услови за прогласување на кризна состојба се воведува нова ставка, а тоа е пораст на цената на електрична енергија за одреден временски период. Но, ова е многу проблематично затоа што електричната енергија има третман на стока и е берзански производ. Ако ја има на берза и може да се купи значи нема криза во снабдување со електрична енергија. Имаш пари и си ја купуваш електричната енергија на берза. Прашање е зошто се става цената на берзански производ како услов за прогласување на кризна состојба?
Цените на електрична енергија на берзите во Европа достигнуваат вредност од 150 – 300 Евра за MWh. Цените на берзите во другите делови на светот како Јужна и Северна Америка, Африка, Азија не се толку високи. Значи нема основа за тврдење дека станува збор за светска криза. На берзите во Европа електрична енергија може да се купи во секој момент. Електричната енергија е стока и берзански производ и причините за високата цена на европските берзи треба да се анализираат малку посериозно.
Актуелната влада на СДСМ и ДУИ најави дека ќе прогласи кризна состојба за снабдување со електрична енергија од 9.11.2021 година.
Ако тоа се случи, Владата на СДСМ и ДУИ ќе мора да образложи следно:
Според кои критериуми ќе прогласи кризна состојба?
Мора да објасни зошто домашните компании АД ЕЛЕМ ( ЕСМ) и АД МЕПСО се доведени во колапс, од одлични и стабилни компании станаа големи загубари со многу долгови.
Зошто АД ЕЛЕМ во последниве две години има рекордно најниско производство од своето постоење наваму, нема откривка на јаловина и нема ископ на јаглен, хидро акумулациите се празни и не може да ги задоволи ниту потребите за електрична енергија за домаќинствата?.
Со ваквиот однос на Владата во никој случај не може да се избегне кризната состојба. Уредбата е донесена со цел да се прогласи кризна состојба, а не за нејзино успешно надминување. Наведеното се поткрепува со тоа што во нејзината содржина има низа недостатоци и воопшто не е прилагодена да даде одговори и решенија на актуелната состојба. Според Законот за енергетика, Уредбата за прогласување на електроенергетска кризна состојба треба да има неколку компоненти од кои најзначајно е што треба да ги содржи мерките што се преземаат во случај на кризна состојба. Иако законот го налага ова, загрижува фактот што уредбата нема доволно конкретни и издржани мерки. Со ваков пристап сосема очекувано е дека нема да се заштитат енергетските системи и нема да се обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија.
Поради несериозниот пристап, се поочигледно е дека во наредниов период ќе се соочуваме со рестрикции и со повторно поскапување на електричната енергија која и онака две години наназад поскапуваше,