Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје, ја изведува современата и високо квалитетна академска и бизнис меѓународна магистерска програма. Државниот Економски факултет во Љубљана е основан во 1946 год., има репутација на најдобра високообразовна институција од областа на економија и менаџмент во Словенија, со над 8.000 домашни и странски студенти во текот на секоја академска година. Акредитиран со највисоките академски и бизнис акредитации – EQUIS и AASCB, факултетот спаѓа во елитната групација на високо рангирани институции во Европа и во светот. Ова е привилегија на помалку од 5% од бизнис школите ширум светот. Покрај овие две значајни акредитации, факултетот ја има и AMBA акредитацијата, која ја поседуваат само 2% од школите за Мастер студии за Бизнис Менаџмент (MBA). Со овие програми Економски факултет – Љубљана
(IBA – International Business Academy, Master programme) е рангиран на 45-то место на светската листа на бизнис школи. Дипломата е академска и бизнис, ја издава Економски факултет – Љубљана на англиски јазик и на словенечки јазик и е валидна во сите земји во светот.
Јавниот отворен повик за сите кои што сакаат да инвестираат во својата професионална кариера е отворен до 15 февруари 2018.
Заинтересираните кандидати за детални информации може да се обратат до Регионалниот центар на Економски факултет–Љубљана (www.ef.uni-lj.si) во Скопје ([email protected]; 070 338 570).
Мастер програмата по БИЗНИС и ОРГАНИЗАЦИЈА овозможува стекнување специјалност во областа на: економија, финансии, стратегија, менаџирање, управување со човечките ресурси, преговарање, проактивно мислење и креативно дејствување… По завршување на програмата, секој поединец ќе биде подготвен стручно и високо професионално да се соочи со предизвиците на секоја компанија, фабрика, институција…
Постдипломската рограма по БИЗНИС И ОРГАНИЗАЦИЈА ги содржи следните
15 предмети: Микро и макро економија, Бизнис околина, Организација и менаџмент, Стратешки менаџмент, Логистика и оперативен менаџмент, Финансиски менаџмент, Маркетинг за менаџери, Менаџмент на човечки ресурси, Системи за поддршка на одлучување, Преговарање, Бизнис истражување, Сметководство за менаџирање, Економски менаџмент и Изборен курс I, II, III.
Мастер студиите ги профилира следниве кадри:
– Менаџери и претприемачи кои што имаат генерални и специјализирани
менаџерски одговорности
– Високо – функционални лидери што имаат повеќекратни одговорности
– Извршни директори кои што сакаат да развијат интегративна перспектива и да ги
усовршат своите таленти и вештини
– Амбициозни технички експерти на кои што, исто така, им се потребни економско
знаење и управувачки способности
– Мотивирани индивидуалци кои што себеси се гледаат како потенцијални лидери
– Дипломирани студенти кои што немаат работно искуство
Предавањата ќе се реализираат во Скопје од страна на професори од Словенија и други европски универзитети. Студентите ќе ги добијат потребните дополнителни материјали и последните изданија на предвидените учебници од Англија и од САД на англиски јазик, кој што е и официјален јазик на студиите.
Со цел да се постигне висок квалитет на наставата, бројот на студенти во една генерација е ограничен до 25 студенти.
За упис на студиумот, секој кандидат е потребно да ги исполнува следниве услови:
– Диплома од завршени додипломски студии (било кој профил на високо образование)
– Познавање на англискиот јазик
Меѓународната мастер програма нуди одлични можности за контакти од бизнис средината како дел од Алумни клубот со повеќе од 10.000 членови и интернационалната бизнис асоцијација – “Beta Gamma Sigma“.