понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Уште еден пратеник од владеачкото мнозинство против уставните измени: Предлогот за измена и дополнување на Уставот е НЕУСТАВНО

Уште еден пратеник од владеачкото мнозинство против уставните измени: Предлогот за измена и дополнување на Уставот е НЕУСТАВНО

Енес Ибрахим е уште еден пратеник од владејачкото мнозинство кое е против уставните измени.

Претседателот на партијата за движењето на Турците преку Фејсбук напиша дека предлог измена и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија односно Амандманот XII што се однесува на Комитетот за односи меѓу заедниците е НЕУСТАВНО.

„Предлог измена и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија односно Амандманот XII што се однесува на Комитетот за односи меѓу заедниците е НЕУСТАВНО.

Впрочем со новиот предлог бројот на членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 при што по 16 члена од редот на пратениците во

Собранието Македонци и Албанци, а по еден член ќе имаат сите други заедници.

Со овој предлог не се почитува правичната и соодвената застапеност која е загарантирано со Уставот“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести