Петнаесетгодишниот Фазли Фатлиу исчезнал вчера во скопската населба, Чаир.
Момчето последен пат било видено од семејството околу 16 часот вчера напладне, а во моментот на исчезнувањето носело црни фармерки и портокалова маица.
Роднините на Фазли за „Макфакс“ велат дека вчера му бил исклучен телефонот, а утрово околу 9 часот повторно му бил вклучен, но не успеале да остварат контакт со него.
Еден час подоцна, односно околу 10 часот утрово, велат роднините, добиле дојава дека Фазли бил виден во џамија во Долно Коњаре, но уште не успеале да го пронајдат.
Блиските на момчето оставија и телефон за контакт за сите оние кои имаат информации што се случило со момчето.
-Од вчера во 16 часот ова момче го нема, се вика Фазли Фатлиу има 15 години, носи портокалова маица и црни фармерки! Ве молиме да не информирате доколку сте го виделе некаде. Контакт: 071289129 – велат роднините.
Случајот бил пријавен и во МВР.
„Ноќва (12.07.2023) во 2 часот во Полициската станица Бит Пазар Л.Ф.(49) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот малолетен син Ф.Ф.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – велат од МВР за „Макфакс“.