Владата на СДСМ минатата година вети дека ќе отвори 13 градинки, но според неофицијални информации, 2017 година од ветените ја завршија само со шест градинки.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска кон крајот на јули и сама ги најави овие бројки кога беше во објектот во Врапчиште чија изградба беше во крајна фаза. Тогаш таа рече дека се планирани шест градински во рурални, а седум во урбани средини.
-Во овие 13 градинки ќе имаме зголемен опфат за 682 деца до крајот на 2017 година. Оваа тенденција ќе продолжи и во 2018 година. Целта наша е да обезбедиме рамномерен регионален развој и токму затоа ќе внимаваме и на урбани и рурални средини, нагласи Царовска.
Практично најавените 13 се од програмата на претходната Влада. Или пред да се смени власта во 2017 година беа предвидени и во најголем дел започнати активноси во околу 15 објекти.
Ова говори за неисполнување на ветувањето грижа за секое дете.
За разлика од оваа влада, претходната предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2008 година до 2017 година отвори: 13 јавни општински установи – детски градинки, 25 објекти, 22 групи во други нови простории, 27 центри за ран детски развој. Или вкупно станува збор за бројка од 87 објекти или простории за згрижување и воспитување на деца, или во просек по 11 годишно.
Отворањето на само шест градинки дополнително говори и дека ВМРО-ДПМНЕ оправдано реагираше кога со ребалансот се скратија пари од буџетот кои беа предвидени за нови градинки.