Не постојат услови за спроведување на легитимен попис на населението и истиот треба да биде одложен на неопределено време!
Пописот кој што го упорно го турка власта во време на пандемија треба да биде одложен на неопределено време од повеќе причини, како:
-Загрижувачкиот раст на новозаболени од Ковид-19,
-Необезбедените вакцини против коронавирусот,
-Невакцинираните попишувачи,
-И, стравот на секој граѓанин од можна зараза со смртоносниот вирус за време на попишување.
За пописот кој што упорно го турка и по секоја цена сака да го спроведе владата на Заев најпрвин треба да се обезбедат вакцини против корона, со кои би се вакцинирале сите попишувачи во земјата, а претставува проблем бидејќи станува збор за голем на број на попишувачи а вакцини нема нигде, додека времето немилосредно си тече, со што одлужувањето на пописот го прави незибежен.
Сакале властите или не, пописот ќе мора да го одложат и тоа за некое друго време бидејќи, на граѓаните здравјето и животот им е побитно, отколку желбата на власта да истурка попис во време на пандемија, каде што секој еден може да биде потенцијално заразен од оние кои што треба да ги посетуваат домовите на илијадници граѓани.
А доколку власта сепак се одлучи поради лични и партиски интереси да го спроведува пописот на населението, како што е и предвидено, а во време на здравствена криза и со невакцинирани попишувачи, можно е да дојде до непосакуван „нуклеарен бран“ на корона во земјата и свесно би придонела во „екзекуција“ на сопствениот народ.
Во моментов секој треба да биде свесен какви чекори презема, и дали истите можат да се изведат без било какви последици по здравјето и животот на граѓаните. Затоа владата од таа причина најпрвин мора да ги обезбеди потребните вакцини за вакцинирање на попишувачите, да се вакцинира дел од населението, па откако ќе се создадат минимални услови па дури тогаш треба да се размислува за евентуален попис во републиката.
Се додека не се создадат ваквите услови и попишувачите кој што ќе ја спроведуваат теренската анкета не бидат вакцинирани, како и дел од населението во Македонија попис не треба да има, односно најпрвин пандемијата со коронавирусот треба да се стави под контрола, граѓаните да се чувствуваат безбедно, па дури тогаш да се покрене темата околу пописот.
Услови за легитимен попис во моментов не постојат, и затоа истиот треба да биде одложен на неопределено време, се додека ситуацијата со коронавирусот не биде ставена под целосна контрола, со што и греѓаните би се чувствувале побезбедни и сигурни за својот живот и животот на своите најблиски.