Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски денеска најави дека предупредуачкиот штрајк утре ќе се одржи и наставниците нема да примаат деца.
Од вторник ќе почнат со нормална настава, но со барање за преговори со Владата.
-Сите наши членови ќе дојдат на работа, ќе бидат во една просторија додека трае работниот ден, но нема да ги прифатат децата кои ќе дојдат на училиште. Ова ќе биде предупредувачки штрајк. Од вторник наставниците ќе одржуваат настава, но бараме преговори со Владата за исполнување на нашето барање за покачување на платите на просветните работници за 25 отсто. Ако до крајот на септември не се исполни нашето барање, во октомври ќе излеземе на штрајк, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.