среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Утре истекува рокот за подигање на изборниот поткуп наречен „Домашна платежна картичка“

Рокот за подигање на картичката завршува со изборната еуфорија, односно утре. Познавачите и ден-денеска се на ставот дека ова беше очебиен изборен поткуп, на кој ниту еден политички фактор не смееше и не смее да реагира бурно, само и само поради фактот што беше спакуван како наводна помош за граѓаните.
Утре истекува рокот за подигање на изборниот поткуп наречен „Домашна платежна картичка“

Истекува рокот за предавање на домашната платежна картичка на оние граѓани што ги исполнија условите од оваа мерка што беше дел од третиот пакет-мерки на Владата за поддршка на економијата, а воведен поради корона-кризата.

Рокот за подигање на картичката завршува со изборната еуфорија, односно утре. Познавачите и ден-денеска се на ставот дека ова беше очебиен изборен поткуп, на кој ниту еден политички фактор не смееше и не смее да реагира бурно, само и само поради фактот што беше спакуван како наводна помош за граѓаните.

Банките имаа рок да ги издадат до 18 јули, односно утре, а граѓаните може да ги искористат најдоцна на 15 август годинава. Целта е во краток период да се вшприца поголема количина средства во економијата со купување домашни производи и услуги, а со цел поддршка во кризата предизвикана од коронавирусот.

Домашна платежна картичка добија над 324 илјади граѓани, во четири категории. Првата група доби домашна платежна картичка во вредност од 9.000 денари, каде што спаѓаат лица со низок доход, приматели на социјална помош и активни баратели на работа, кои во минатата година немале поголеми приходи од 180 илјади денари, или годинава од јануари до април не повеќе од 60 илјади денари според податоците на УЈП. Во оваа група се опфатени над 114 илјади граѓани.

Во втората група се околу 117 илјади лица кои добиваат по 3.000 денари, односно граѓани кои се во работен однос, но чии примања во првите четири месеци не надминуваат 60 илјади денари. Оваа категорија дополнително доби и ваучер за туризам, кој веќе почна да се користи.

Во третата група се младите од 16 до 29 години кои се дел од државното образование и кои добија финансиска поддршка по 3.000 денари, а четвртата група ја сочинуваат здравствените работници со поддршка од 40 отсто од последната нето-плата.

Најнови вести