недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Утре ќе биде познато кои ќе бидат зетот и невестата на овогодинешната Галичка свадба

Утре ќе биде познато кои ќе бидат зетот и невестата на овогодинешната Галичка свадба

Советот на Месната заедница Галичник утре треба да ја објави одлуката за избор на зет и невеста на Галичката свадба 2022 година.

Пријавувањето траеше до 31 март годинава, а заинтересираните кандидати мораа да исполнуваат неколку критериуми.

Потребно е двајцата или едниот да имаат потекло од Галичник, да имаат искуство во учество на Галичка свадба во друга улога, да учествувале во активностите на Месната заедница и ова да им е прв црковен брак.

Галичка свадба оваа година ќе се одржува од 15 до 17 јули.

Најнови вести