сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Утре минирање за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал, сообраќајот ќе биде во прекин

Утре минирање за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал, сообраќајот ќе биде во прекин

АМСМ соопшти дека утре од 13:00 – 16:00 часот ќе се врши минирање за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал поради што сообраќајот ќе биде во прекин во одреден дел од наведениот период.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести