среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Утре планинарски марш на Водно по повод денот на Европа

Утре планинарски марш на Водно по повод денот на Европа

Европското движење во Македонија, кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, по повод одбележувањето на Денот на европското знаме, 9 Мај, го организира традиционалниот Марш на Водно утре, 8.5.2021 година (сабота), со почеток во 09:00 часот.

Стартот на маршот традиционално е закажан пред Европската куќа (Europe House) со краток церемонијален дел кога претставници на Европското движење и на Делегацијата на ЕУ ќе ги разменат македонското и знамето на ЕУ, а на група планинари и други заинтересирани граѓани, како и членови на Европското движење ќе им бидат доделени мали ЕУ и МК знамиња.

Важно е да се потенцира дека за време на маршот ќе бидат запазени сите мерки за претпазливост за движење во групи и заштита од пандемијата со КОВИД 19. Знамињата ќе се носат до врвот на Водно.

На Средно Водно, пак, на учесниците ќе им се доделат вода и кроасани, но оваа година ќе биде изоставено традиционалното планинарско гравче.

Најнови вести