четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ: Повик за кандидирање за Претседатели и членови на републичките комисии

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ: Повик за кандидирање за Претседатели и членови на републичките комисии

Согласно одлуката на ИК на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се објавува повик за кандидирање на кандидати за Претседатели и членови на републичките комисии на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Се бараат кандидати за претседатели на:

1.Комисија за Безбедност,

2.Комисија за Образование,

3.Комисија за Труд и социјална политика,

4.Комисија за Култура,

5.Правна комисија,

6.Комисија за Транспорт и врски,

7.Комисија за Здравство,

8.Комисија за Финансии,

9.Комисија за Економија,

10.Комисија за животна средина и просторно планирање,

11.Комисија за Земјоделство, шумарство и водостопанство,

12.Комисија за Меѓународна соработка и европски прашања,

13.Комисија за Локална самоуправа,

14.Комисија за Администрација,

15.Комисија за Туризам,

16.Комисија за Информатички технологии,

17.Комисија за јакнење на партиската структура и обуки,

18.Комисија за Родова еднаквост,

19.Комисија за спречување дискриминација,

20.Комисија за превенција и бпрба против насилството врз жените и

21.Комисија за НВО.

Потребната биографија за кандидирање на Претседатели и членови на републичките комисии треба да се достават на емаил: [email protected] , со назнака на маилот за претседател или член на една од погоре наведените комисии.

Кандидатите биографијата да ја достават најдоцна до 29.03.2018 година.

По доставувањето на кандидатурата, односно биографијата секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и со него ќе биде извршен разговор од страна на комисија.

Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел за заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани.

ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците доставени во биографијата.

Најнови вести