недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да се извини за шовинизмот, сексизмот искажан кон колешка пратеничка, говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да се извини за шовинизмот, сексизмот искажан кон колешка пратеничка, говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие

Крајно сме вознемирени, најсериозно загрижени и згрозени од она што се случи денес во храмот на демократијата и тоа од страна на премиерот Ковачевски! Говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие. Најмалку што може да стори премиерот денес, е да се извини – порачуваат од УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да се извини затоа што негова работа не е да коментира нечиј изглед!

Да се извини затоа што нема трпение да слуша за проблемите кои им ги создаде на граѓаните!

Да се извини затоа што ние – жените пратенички, имаме право на нормална работна средина во која ќе работиме за доброто на граѓаните и државата!

Политичка некултура, шовинизам и сексизам не смее да практикува никој, а најмалку премиерот Ковачески!

Жените во политиката имаат голема тежина!

Иако сериозно сме загрижени од омразата и агресивноста кои се манифестираат во законодавниот дом, на премиерот Ковачески му порачуваме – нема да нè одвратите од намерата да се бориме за доброто на граѓаните!

И додека очекуваме извинување од Ваша страна, бидете сигурен дека денешното однесување говори и повеќе од доволно за Вашата личност и Вашиот карактер“ – се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести