четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вака Зекири од СДСМ се закануваше (ФОТО)

Вака Зекири од СДСМ се закануваше (ФОТО)

Плаче за боја… вака пишуваше пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири, фотографирајќи се пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, вчера вечерта беше нападнат и каменуван централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, нападот на ВМРО-ДПМНЕ е акт на насилство и вандализам, но и напад на сите оние кои ги штитат македонските национални интереси.

-Индициите за ова говорат дека одговорни за ваквиот напад е структури биски до власта, по принципот на Шарената револуција. На што го темелиме ваквото убедување? Веќе подолг период ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека власта предводена од Зоран Заев има насилно сценарио спроведувано од свои инсталации и полициски структури чија цел е да го турне ВМРО-ДПМНЕ во насилство како би можело полесно да се делегитимира нашата борба против капитулацијата на Заев во договорот со името, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека власта преку овие и слични провокации посакува нов 27-ми април каде Заев би се прикажал за жртва, а партијата би била оцрнета.

Најнови вести