Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне претежно во северните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Од УХМР објавија и какво време не очекува во следните денови.
До недела ќе се задржи натпросечно топло време, а попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, во сабота со можна појава на град.
Од понеделник времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Температурата ќе биде во опаѓање.