Поранешниот функционер Ване Цветанов избегал од Македонија откако пред четири месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 000 евра. Бегството го пријави синоќа во телевизиско интервју за бугарската телевизија Нова.
– Жртва сум на политичка репресија. Сакав да го спроведам бугарскиот модел за контрола над регистрираните ревизори, но Владата не сакаше да го практикува бугарскиот модел. Без разлика што Бугарија потроши време и ресурси. Не се чувствувам виновен, но знам дека ќе ме казнат во Македонија благодарение на политичкиот дослух на мојот случај. Во обвинителството во моментов и да сакаат не можат да ми дадат помалку од 3 години – вели новоосвестениот Бугарин во интервјуто.
На прашањето на новинарот дали ќе се врати во Македонија, тој рече:
– Не верувам. Она што го направив е избор и нема враќање назад – категоричен е тој.