Претседателот на Врховниот суд на РМ Јово Вангеловски денеска за МИА изјави дека очекува во текот на денов да биде објавена одлуката по жалбите за притворите на пратениците и другите осомничени за настаните во Собранието од 27 април минатата година.
– Врховниот суд ќе ја објави одлуката веднаш штом ќе биде донесена, потврди Вангеловски.
Претседателот на Врховниот суд претпладнево учествува на настан во Академијата за судии и јавни обвинители на тема „Независно судство, јакнење на капацитетите за отпор кон влијанието“.