петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вардар умира- политичките игри на СДСМ го избркаа Самсоненко, бизнисменот вечерва соопштил дека се повлекува

Вардар умира- политичките игри на СДСМ го избркаа Самсоненко, бизнисменот вечерва соопштил дека се повлекува

Готово е! Сергеј Самсоненко се повлекува од фудбалскиот клуб Вардар. Вечерва оваа одлука им се соопштена на фудбалерите во Анталија, кои со солзи во очите ја прифатија оваа вест. На играчите им било кажано дека може да си бараат нови клубови, и тоа веднаш!, пренесува порталот Спорт Медиа.

Играчите веднаш побарале враќање во Скопје, и решавање на потанатамошната нивна судбина.

Проблемите кои ги имаше спонзорот Самсоненко околу спорни случаи, политичките игри, и немањето поддршка од државата, го избркаа рускиот спонзор кој остави траен белег и во ракометниот и во фудбалскиот тим. Фудбалскиот тим играше историски во групата од Лигата на Европа, со ракометарите освои две европски шампионски титули.

Веста доаѓа по „ремито“ со Црвена Звезда денеска. Порталот дознава дека Самсоненко деновиве ќе го врати клубот на Град Скопје.

Засега не е позната судбината со ракометниот тим, но веројатно и него го чека истата судбина.

Најнови вести