-8-ми Септември е генезизот, реков на современиот тек на македонската современа историја, тој мора сите да бидеме свесни дека се темели повторно ќе кажам на асномските декларации. Тоа е многу важно кога било кој дискутира за промена на Устав, промена на систем, бришење на идентитет, дискусиите кои што се отворија овие 30-тина години околу тоа кому му припаѓа Македонија и кому треба да му припадне Македонија, она што голем број на политички елити создадоа кариери врз основа на еден националшовинизам кој всушност беше злоупотребена политичка реторика за да се направи поделба во општеството, луѓето да ги разнишаат своите очекувања, својата верба во сопствената нели идентитетска припадност. Но, тоа се предизвици кои што секое општество кога ќе се тргне по самостоен пат треба да ги преживее, тие сипаници малку подоцна од повеќето европски држави ги преживуваме и можеби за тоа бидејќи сме директни сведоци на сите тие процеси евидентно е дека некојпат не успеваме докрај да ги артикулираме на начин како што е соодветен. Но, тоа не треба да не обесхрабрува ние знаеме кои сме, ние знаеме што сме. Македонија е формирана како македонска национална држава и формирана според волјата на македонскиот народ кој е конститутивен народ, а во истата и имаат право да битисуваат, да живеат, да делуваат и сите останати помали етнички национални групации“, истакна Иванка Василевска пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во утринската програма на Алфа телевизија.
Додаде дека 8-ми Септември треба да биде гордост бидејќи ја означува волјата која што беше изразена со цел да бидеме дел од европските демократски вредности и да одиме како држава онаму каде припаѓаме.
-Еден голем, огромен предизвик кој што го имаше Македонија беше секако промената на уставното име тоа мислам дека е врвот или пикот на најголемото созревање и на македонскиот народ, но и на сите македонски граѓани дека, како велат старите„Сила бога не моли“, и со оглед на неуспешниот референдум и без оглед на сите логични правни анализи кои што беа ставени на маса беше спроведен еден процес на промена на уставното име и почеток на израмнување македонскиот конститутивен народ со останатите етнички заедници, помали етнички заедници. И како след на тоа во моментов актуелен еве втор ден веќе влегуваме во обидот да се спроведе политички попис на населението во Република Македонија, појасни Василевска.