петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Василевска: Денес поради владата на Заев врз македонскиот народ се случува етноцид

Василевска: Денес поради владата на Заев врз македонскиот народ се случува етноцид

Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ утринава гостуваше во емисија на Алфа телевизија. При своето гостување посочи дека поради владата на Заев денес се случува етноцид врз македонскиот народ.

„Она што се случуваше со Преспанскиот договор, целата режија пред потпишувањето на договорот, за време на референдумот и потоа во парламентот, укажуваат на тоа дека ние како систем многу сме ослабени. Бидејќи вас не ви треба јавен обвинител кој премиерот го вика на ручек и му дава вработување или некоја паричка за тој да процени дали некаде е извршено кривично дело и да постапува по истото, тој е за тоа платен“, истакна Василевска.

Василевска посочи пример и за Уставен судија, зар треба истиот да добие гаранција од премиер или претседател на држава за да може да покрене едно прашање кое што директно го загрозува Уставот.

„Но тие цело време ја држат работата под вода, затоа што учествуваат во тоа злосторство. И тоа злосторство е далеку од оние монтирани случаи за 27-ми април, далеку од онаа политичка естрада која што се пушти во етер и која што требаше да ги замајува очите на јавноста и да се создава некоја претстава која што после пука како балон“, појасни Василевска.

Василевска додаде дека суштински денес она што е со актите не само што се загрозени темелите на македонската државност туку се случува етноцид врз македонскиот народ.

Најнови вести