Во вашето експозе премиере вие не дадовте одговор на истото прашање, велите за мене оваа реконструкција на владата не е мотивирана од имиња и презимиња. Па јас мислам дека не може секој да биде министер, колку се посилни имињата толку е посилна и владата. понатаму, велите денешните одлуки не се мотивирани од тесно партиските интереси ниту една партија сегашните или идните. Не, со ова се носи заклучок дека никој не е важен и никој не е соодветен и секој ќе биде употребуван како пар чорапи секој пат кога личните интереси и перспективи ќе налагаат за истото. Тотално погрешно. Велите исто така дека за вас овие одлуки не се врзани и не смеат да бидат поврзани со желбите, мотивите и барањата на било кое партиско раководство. Е овде сте во колизија не само со тоа што го гледаме деновите, туку последните 6 години, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска од собраниската говорница на денешната седница.
Василевска, праша дали бидејќи министерот за информатичко општество не е корумптивен е тргнат од владиниот кабинет.
Дали министерот за информатичко општество затоа што не бил корумптивен, бил професионалец и сработил за таа една година колку што можел да сработи не е подобен и вака насилнички го тргате од владиниот кабинет, праша таа.
Василевска смета дека владата воопшто не треба да прави реконструкција, туку треба да го распушти собранието и да се излезе на предвремени парламентарни избори.
Сето ова делува навистина на една голема папазјанија и не дава шанса, ниту надеж дека оваа влада треба воопшто да врши реконструкција, туку единственото нешто кое што може да се направи и тоа во договор помеѓу сите нас е да се прогласи распуштање на собранието и да одиме на избори, му порача Василевска на Ковачевски.