понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Василевска: Договорот е потпишан позади затворени врати, без законска издржаност и со многу сериозни импликации за нарушување на Уставот и законите

Василевска: Договорот е потпишан позади затворени врати, без законска издржаност и со многу сериозни импликации за нарушување на Уставот и законите

„Јас сметам и верувам во правото на говор и верувам во правото секој еден претставник на граѓаните на македонското Собрание да има право да ги искаже аргументите, тие треба да бидат навистина на добра насока за граѓаните да создадат впечаток и на крајот секако тоа сите добро го знаеме одговорот ќе го добиеме на изборите. И сите тогаш ќе видиме како навистина тие нас нѐ гледаат“, истакна Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

„А, што гледаме ние тука? Гледаме низа на неколку еве да речам една шепа на закони кои се менуваат како потреба на еден договор кој што е потпишан на еден нетранспарентен начин“, укажа Василевска.

Таа посочи дека договорот е потпишан позади затворени врати, без законска издржаност и со многу сериозни импликации за нарушување на Уставот и законите на Република Македонија.

„Постојат индиции дека има многу криминал и многу прекршувања на Уставот и законите со носењето на ваквите одлуки. Дали сте свесни дека вашите потписи кои што ги ставивте дека ќе имаат импликации и утре ќе бидете вие тие кои што ќе треба да го докажувате своето учество во истите или вашата невиност“, ги запраша Василевска пратениците од владејачкото мнозинство.

Таа додаде дека начинот на кој што власта направи да се избегне целата процедура укажува дека има многу сериозни криминални индикации.

Најнови вести