Бесрамноста на раководството на СДСМ, видено во ликот и делото на Зоран Заев секојдневно ни ја покажуваат својата бруталност и непочитувањето на волјата на граѓаните на Република Македонија доведувајќи не на принципот купи – продај со се’ вклучително и со изборните резултати, ова денескан преку изјава за јавноста го истакна Иванка Василевска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
-Оваа недемоктратска заевистичка номенклатура единственото нешто кое го разбираат е бескрупулозниот поткуп. Зошто волку жестоко ги квалификуваме СДСМ предводени од Зоран Заев? Изјавите на поранешниот Реис на ИВЗ, Сулејман Реџепи само го потврдуваат тоа. Имени, тој во интервју признава дека во периодот пред Претседателските избори во 2019 година бил повикан од погоре наведениот да влијае врз верниците муслимани во Македонија да гласаат за кандидатот Стево Пендаровски во замена за локацијата на Кале и исплатата на средства за ИВЗ во рок од 20 дена. Ова само покажува дека Заев, Пендаровски и СДСМ купувале и купуваат гласови пред изборите. Ништо од демократија, од предизборни понуди, од програми. Се е сведено на купување со пари, нешто за кое како ВМРО-ДПМНЕ предочувавме во изминатите циклуси, а кое сега се потврдува и од самиот Реис Сулејман Реџепи, вели Василевска.
Таа додава дека ова е огромна навреда за верниците муслимани во Република Македонија, бидејќи Заев и СДСМ со пари изнудиле гласови од оваа група на граѓани.
-Потсетуваме: Според член 160 од Кривичниот законик, тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку 3 години. Според член 22 од Кривичниот законик, ако две или повеќе лица, со учество во дејствие на извршување или со друг особен придонес кон извршувањето на делото, заеднички сторат кривично дело, секое од нив ќе се казни со казната пропишана за тоа дело. Според член 23 од кривичниот законик, тој што друг со умисла ќе го поттикне да стори кривично дело ќе се казни како да го сторил самиот. Сведоштвото на поранешниот Реис Реџепи отвора еден голем скандал. Го повикуваме Обвинителството да отвори истрага. Пендаровски бил избран не поради програма туку поради организирано гласање од верски лидери за што во игра биле пари и земјиште, а за тоа обвинителството е неопходно да го испита случајот. Ова е срамно не само за партијата СДСМ, туку и за државата, вели Василевска.
Таа додава и дека патем Реџепи посочи дека имал признание од Стево Пендаровски дека е избран за претседател благодарение на гласовите кои ги испазариле со него. Тоа е удар на секуларните темели на Македонија како држава. Пендаровски треба да се извини на граѓаните што воопшто се дрзнал да се пазари со верски лидери за гласови. Тој не се кандидира ниту за архиепископ, ниту за Рабин, ниту за Реис, туку за претседател на секуларна држава. Ова потврдува дека криминалот станува основно занимање на Заев и ги потврди нашите изјави дека СДСМ не е кадарна да организира фер и демократски избори во Република Македонија.
-Македонија со Заев се претвори во тезга во која гласовите се купуваат со пари или со пазарење на контингенти гласови од верски лидери. Ете затоа Македонија е далеку од европските стандарди, ете затоа нема демократија во Македонија со Заев. Купи – продај пазарлукот на Заев мора да биде поразен, за Македонија да стане европска држава, завршува Василевска.