четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Василевска: Мора под итно да се постави национална црвена линија до која може да се преговара

Василевска: Мора под итно да се постави национална црвена линија до која може да се преговара

„Тоа што го говоревме не беше собирање на политички поени, ниту пак некаква предизборна шега туку Македонија и македонскиот народ со овие постапки и на нашите соседи, но и на внатрешната лоша политика на извршната власт гледаме дека полека исчезнува“, нагласи пратеничката Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ на комисиската седница.

Василевска додаде дека не треба македонскиот народ да дозволи власта да го направи истото што го направи со Преспанскиот договор.

„Зошто ве повикувам на ваков мирен и хуман протест. Ние мора да поставиме национална црвена линија врз основа на која ќе изградиме заеднички консензус околу тоа за што точно ќе преговараме со нашите соседи и со ЕУ“, истакна Василевска.

Василевска посочи дека Македонците не мора на никого да се докажуваат, Македонија е цивилизациско јадро врз основа на кое што се тргнати многу процеси, не само на Балканот туку и пошироко.

Најнови вести