сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Василевска: Никаде во светот не се попишуваат државјани, власта со подземна кампања се обидува да потурне маневрирање со пописот

Василевска: Никаде во светот не се попишуваат државјани, власта со подземна кампања се обидува да потурне маневрирање со пописот

„Ние навистина имаме желба да спроведеме еден реален и кредибилен попис кој ќе биде во корист на македонските граѓани и на македонската иднина. Но, унитарна иднина. Зошто го потенцирам ова? Никаде во светот не се попишуваат државјани. Тука е да речам големото дволично, неискрено и пак ќе повторам крајно тенденциозно маневрирање од страна на власта“, истакна Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во утринска емисија на телевизија Алфа.

Василевска додаде дека власта се обидува да потурне маневрирање со пописот, само да потурне пребројување на државјани.

-Власта има подземна кампања и се ширеше еден страв еден извесен период помеѓу македонските граѓани дека доколку не се попишат ќе им биде одземено државјанството. Такво нешто не треба да постои бидејќи со ниеден закон на светот такво нешто не треба да се направи. „Што се попишува? Се попишува резидентното население кое минимум 12 месеци е на одредено место на живеење во Република Македонија. Оние што се помалку од 12 месеци или повеќе од 12 месеци отсутни од Република Македонија тие се потпишуваат на местото каде што работат, привремено престојуваат и така натака. Тоа не влијае на нивниот државјански статус“, појасни Василевска.

Василевска посочи дека сега за да се потполни таа дупка сега одеднаш започнува процес за донесување на нов Закон за државјанство, каде што се точно определува цифра од 70.000 до 100.000 нови државјанства кои практично треба да ја пополнат оваа дупка во нивната логистика која се појавува како проблематична.

Најнови вести