петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Василевска: Попис на државјани не се прави, ова е сериозно злосторство во кое што соучествува власта

Василевска: Попис на државјани не се прави, ова е сериозно злосторство во кое што соучествува власта

– Законот за попис има повеќе политички апсекти наместо стручно и професионални. На пример членот 4 не е предвидено постпописното истражување кое се прави на најмалку 2% од пописната маса заради утврдување на квалитетот на редовниот попис. Тоа значи евентуалните пропусти во пописот да се прикријат, појасни Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата„За обнова на Македонија“ на емисија „24 анализа“.

Василевска додаде дека во челнот 6 од законот за попис се споменува терминот државјани, наместо лица како што е и на пример претходниот закон од 2011 и како што е според стандардите на ЕУРОСТАТ и во сите развиени земји.

– Категоријата резидентно население и категоријата државјани се две различни категории. Попис на државјани не се прави. Ова отвора друга дискусија. Ова веќе е политичко сериозно прашање. И ова веќе ја загрозува унитарноста на Република Македонија. Ова е сериозно злосторство во кое што соучествува власта, нагласи Василевска.

Василевска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како одговорна опозиција тука нема да може да премолчи.

– Според стандардот на ЕУРОСТАТ се вели дека најмалку 12 месеци резидентно население на определено место се попишува. Оние што се над 12 месеци од без оглед дали се државјани на Република Македонија тие ќе се попишат на местото каде што привремено или подолгорочно претстојуваат. Тие не се ставаат во масата на населението кое што егзистира, придонесува, дејствува на државната територија на Република Македонија, истакна Василевска.

Најнови вести