Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Иванка Василевска по однос на денешната најава од страна на премиерот Зоран Заев дека ќе оствара јавна дебата за легализација на канабисот, истакна дека поприоритетно за оваа влада е да си тера по агендата на своите лични и и бизнис интереси затоа што Заев го контролираат бизнисот со марихуана, отколку да обезбеди комјутер за секое дете.
-Од оваа хибридна власт може да очекуваме исполнување на личните таргети, од самата нивна кампања од 204,2015 и 2016 година и начинот на кој што дојдоа на власт и се што сторија до сега може да се види дека оваа власт не е тим кој што работи за интересите на македонските граѓани и македонската држава, туку само за своите бизнис и тесно партиски интереси, вели Василевска.
Таа објасни дека за Владата очигледно агендата за легализација на махихуаната е поприоритетна од тоа да му се овозможи на секое дете да има комјутерски уред, како и да се унапредува образовниот процес.
Василевска посочи дека поприоритетно за Владата е да се се легализира марихуаната, наспроти огромниот број на невработени граѓани чија бројка се зголемува секој месец, како и зголемување на сиромашнитијата и заштита на социјално ранливите групи на граѓани.
-Не беше случајно ни она агилно и интензивно отварање на плантажи со марихуана, а сите знаеме дека бизнисот со марихуана е строго контролиран од фамилијата Заеви, истакна таа.
Професорката посочи дека Македонија стана земја во која има голема количина на дрога насекаде па и во училиштата, а нема локал или место каде тоа не е достапно, ситуацијата со достапноста на наркотични супстанции е сериозна и загрижувачка.
-Вакви теми како легализацијата на марихуаната можат да дојдат на дневен ред во држава во која има уреден внатрешен поредок, а ние немаме воспоставен систем и немаме вредности, а евидентно е дека граѓаните немаат доверба во институциите и во правосудниот систем, се ова говори дека ние сме на дното, вели Василевска.